Sowing instructions - Lawn clover

 

Упатство за сеење - Lawn Clover

Засадете си среќа! Оваа смеска има мали листови, отпорни на суша. Со неа можете да штедите на ѓубрива, бидејќи детелината го фиксира азотот од атмосферата, го задржува во земјата и го става на располагање за растењето на тревата. На тој начин, ќе создадете самодоволна градина, отпорна на суша, густа и со помалку шанси за плевели. Како бонус, вашата градина помалку ќе страда и почесто ќе се обновува од оштетувања и петни од кучешката урина. Најпоследно, но не и помалку значајно, детелината помага во зголемувањето на биодиверзитетот; тоа е одржлив избор!

Упатство за сеење

Lawn clover icons-verpakking

Ново сеење:

  1. Израмнете ја површината, отстранете ги камењата и плевелите и прихранете ја почвата. Температурата на земјата треба да биде минимум 10 степени.
  2. Сејте во две вкрстени насоки.
  3. Нежно израмнете за да ги затрупате семките и превртете го површинскиот слој за подобар контакт помеѓу земјата и семките. Водете сметка семките да не се инкорпорираат подлабоко од 0.5 см.
  4. Често поливајте за да избегнете суша.
  5. Косете ја градината на должина од 5 см, скратете на 3 см. Честото косење е потребно за

            да се постигне саканиот ефект.

Дополна:

  1. Косете ја градината и отстранете ги отпадоците од косењето. Температурата на земјата за надсевање треба да биде минимум 10 степени.
  2. Сејте во две вкрстени насоки.
  3. Нежно израмнете за да ги затрупате семките и превртете го површинскиот слој за подобар контакт помеѓу земјата и семките.
  4. Често поливајте за да избегнете суша.
  5. Косете ја градината на должина од 3 см. Ова ќе создаде светлина и воздух за новите растенија да се прилагодат и зацврснат. Честото косење е потребно за да се постигне саканиот ефект.

Честото косење е потребно за да се постигнат детелини со фина и мали листови.

Р’тење: 2 - 4 недели. Често косете, прихранувајте и доволно поливајте.

Дозирањето на оваа тревна смеса е: 10 g/m2

Дозирање кога се меша со семе за трева: 50 g детелина на 1 kg семе за трева

Дополна: 1.5 g/m2